Нејзината перфектна тајна – Т.Ј. Бриартан

Што ако твојот пациент стане вереник на твојата ќерка?
Дали како доктор треба да ја прекршиш Хипократовата заклетва за молчење и да ја изнесеш сета негова траума на виделина?
Eмили е психотерапевт, таа продира длабоко во умот на оние кои преживеале тешки трауматични настани и секогаш наоѓа начин како да им помогне. Кога едно осумгодишно момче по преживеана траума станува нејзин пациент, таа се сомнева дека не постапи соодветно со него… Но, сепак продолжи да живее мирно.
По петнаесет години, кога нејзината ќерка ја запознава со својот вереник, Емили најмалку што очекува дека токму тој е пациентот кој ѝ ги преокупираше долго време мислите. Дали тој се врати да ѝ се одмазди?

Cobiss link – Фонд

Информации

Објавено на

09/06/2023