Неверојатни книги за љубовта која го менува светот

Луѓето прават многу работи во име на љубовта. Сите би се согласиле дека љубовта е најголемата движечка сила која не познава граници, вери, години… Колку голема може да биди една љубовна приказна и низ што се можат да поминат двајца кои се сакаат, доказот можеме да го најдеме низ страниците на следниве книги.

1. 1. „Љубов во време на колера “– Маркес, Габриел Гарсија (М II 32226)

Дали е можно некој да се заљуби додека е млад и да ја носи таа љубов со себе засекогаш? Да, можно е. Како што минуваат годините, работите се менуваат, но вие сѐ уште ја сакате истата личноста. Нема ништо потешко, а истовремено и полесно од љубовта.

2. 2. „Илјада неверојатни сонца “– Хoсеини, Халед (M II 37015)

Љубовта е прекрасно чувство. Скриено во вашата душа, забрането и тајно, кое чека да се изрази. Оваа книга зборува за љубовта и војната, за самопожртвуваноста, посветеноста и за моќта на жената.

3. „Делириум“–Оливер, Лорен – (3 дела- М II 39338/1; М II 41811/2; M II 39 337/3)

Оваа книга зборува за свет во кој љубовта е забранета. Таа е болест, најопасен делириум и секој кој ќе го прекрши правилото ќе биде казнет. Секој граѓанин на возраст од 18 години треба да помине низ постапка за ослободување од сеќавањата од минатото кои го носат тој вирус наречен љубов. Лена има само неколку месеци пред постапката и живее како и сите други сѐ додека не запознава една специјална личност.

4. „Осаменоста на простите броеви “–Џордано, Паоло (М II 32330)

Многу одамна имало едно срамежливо момче и една осамена девојка која страдала од анорексија. Тие си ги живееле своите животи, а потоа се запознале. Веднаш сфатиле дека меѓу нив постои една невидлива сила што ги поврзува. Момчето велело дека тие двајцата се како простите броеви – осамени и изгубени. Стојат еден до друг, но не можат да се допрат.

5. 5. Детето од Тоскана- Боуен, Рис (М II 41006)

Книга која не носи од Англија во прекрасната Тоскана. Минатото крие многу тајни, а таа се труди да открие што се случило со нејзиниот татко за време на војната додека престојувал таму. Ни најмалку не верува дека таа потрага ќе ја донеси до љубовта на нејзиниот живот. ( М

6. 6. Англискиот пациент- Ондатје, Мајкл- (М II 25633)

Книгата раскажува за жена и дете кои живеат во полусрушена вила. По некое време жената ќе се труди да излечи еден изгорен Англичанец, а за возврат тој ќе ѝ ја раскаже својата животна приказна за една љубов која му го спасила животот.

7. 7. Ова личи на крај- Барнс, Џулијан – ( М II 35341)

Задоволство е да се сеќаваме на старите денови, па така и главниот лик во оваа книга ужива во тишината и се потсетува на моменти од минатото. Потоа, добива писмо кое ја убива неговата тишина и смиреност.

Информации

Објавено на

13/02/2022