Рени е четиригодишно девојче и ќерка на сериски убиец. Нејзиниот татко ја користи како мамка: таа глуми изгубено мало дете намамувајќи ги жените-жртви и водејќи ги директно во смрт. Нејзиниот татко Бенџамин, угледен професор по психологија, е прогласен за сериски убиец и осуден на доживотна казна.
По триесет години, серискиот убиец за да ги открие гробниците на жртвите кои ги закопал во пустина, има само еден услов: директно до местата на злосторствата да го придружува неговата ќерка, ФБИ агентката Рени. Колку и да е тешко да се ексхумира нејзиното трауматично детство, Рени не може да каже не. Таа и по триесет години, сѐ уште се чувствува како соучесник во злосторствата на нејзиниот татко, кој ја користел како мамка.
Детективот Даниел ја дели истата опсесија со минатото. Уште како момче, тој беше убеден дека неговата исчезната мајка е една од жртвите на Бенџамин. Триесет години од лошите спомени се враќаат назад. Но дали жртвите кои не можат себеси да си помогнат повторно се враќаат кај своите измачувачи? За Рени и Даниел ова не е крај на кошмарот, туку само нов почеток.