Животот е убав за триесетгодишниот Овен Стерлинг. Но, кога за време на медениот месец ќе му се случи огромна трагедија, иднината на којашто се надевал е целосно распарчена. Откако времето што го помина со семејството и со пријателите во Америка не му ја намали болката, Овен одлучува да се врати во Азија и да се помири со сопственото минато. Една случајна средба го зблужува со Сучин, млада Тајланѓанка која се бори со сопствените демони.
Инспирирана од неочекуваната блискост и поврзаност, оваа чудна патувачка двојка тргнува кон Непал, а наскоро започнува и неверојатно искачување на Хималаите. Соочувајќи се со сопствените сомнежи, но и со се друго – од бандити до свлечишта и болести – Овен и Сучин се искачуваат се повисоко, а нивната врска се зацврстува со секој нареден чекор. Сепак, сенките од нивното минато се надвиснуваат над нив, темни и заканувачки.
И, макар што обојцата бараат повторно раѓање во оваа прекрасна земја што не простува, ниеден од нив не знае дали ќе стигнат до легендарниот врв.
Искачувањето може да ги скрши … или да ги спаси.