1942 година. Сејди Голт има осумнаесет години и живее со своите родители среде хоророт во гето во Краков за време на Втората светска војна. Кога нацистите влегуваат во гетото, Сејди и нејзината трудна мајка се принудени да побегнат во опасната канализација под тлото на градот. Еден ден, Сејди погледнува нагоре низ една од шахтите и здогледува девојка на нејзина возраст како купува цвеќиња.
Ела Штепанек е девојка од богато полско семејство, која живее релативно мирен живот со својата маќеа, која пак е прилично блиска со окупаторите Германци. Отфрлена од своите пријатели и тажна по својот свршеник кој е заминат во војна, Ела неуморно талка низ Краков. Додека пазари, забележува како нешто се движи под една шахта на улицата. Кога погледнува малку подобро, сфаќа дека тоа е девојка која се крие долу.
Ела почнува да ѝ помага на Сејди и тие две се зближуваат, но како што опасностите од војната се зголемуваат, така нивните животи сѐ повеќе тргнуваат во правец кој ќе ги стави на тест во невозможни околности. Инспирирана од вистински приказни, Жената со сина ѕвезда е страшно емотивна приказна за моќта на вистинското пријателство и исклучителната сила за преживување на човечката волја.