Детето што молчеше – Сара Дензил

Малото момче Ајден, залута далеку од училиште за време на страшна поплава во малото гратче Бишоптаун. Оттогаш не се врати.
Неговата мајка Ема; беспомошно гледаше кон црвеното палто на нејзиниот шестгодишен син како плови по реката Ус. Неговото тело никогаш не беше пронајдено.
Десет години подоцна, Ема повторно ја откри радоста во нејзиниот живот. Таа е мажена, бремена и повторно има контрола на својот живот…
Сѐ додека АЈДЕН не СЕ ВРАТИ.
Премногу трауматизиран од она што го поминал, на секое прашање одговара со „МОЛК“. Неговото тело ја раскажува приказната за децениското исчезнување – фрактури и неухранетост… Ајден не беше удавен, тој беше киднапиран.
Додека Ема се обидува да се поврзе со синот и да го демаскира чудовиштето кое ја оддели од синот, кој во нивното маало би можел да биде способен за такво злосторство? Само еден ги знае одговорите, тој што МОЛЧИ.

Информации

Објавено на

09/05/2022