Брак од интерес – Фелиша Кингсли


Џема е театарска шминкерка и живее во подрумска просторија во Лондон, под станот на нејзините хипи родители. Еден ден добива телефонски повик од адвокатот на баба и, која ја отфрлила сопствената ќерка затоа што се омажила за обичен човек без благородничка титула, а овој пат своето богато наследство и го оставила на внука си, но под еден услов: да се омажи за човек што има благородничко потекло. Ешфорд, дванаесетти војвода од Берлингам, пораснат во удобност и луксуз, посакуван ерген и угледен претставник на англиската аристократија, открива дека е на работ на банкрот, со ризик да го загуби семејниот имот, но исто така и титулата. Што може да имаат заедничко ќерката на симпатичната хипи двојка и еден арогантен англиски војвода? Очигледно, ништо… Така, двајцата на кои никогаш не им било судено да им се вкрстат патиштата, склучуваат договор – брак од интерес, со што секој ќе може да го добие она што го посакува. Заедничкиот живот може да биде доста комплициран и договорот да го претвори во отворена војна…

Cobiss link

Информации

Објавено на

17/03/2023