Национална установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола

 

 

Настани

 

Мојата Битола – фотографии и каталог

Мојата Битола – фотографии и каталог

На ден 01.07.2024 год. се одржа првата работилница од проектот „Мојата Битола - фотографии и каталог“ кој го реализираат библиотекарите Вера Марковска и Марија Марковска. Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB...

Втора работна средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер

Втора работна средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер

На втората работна средба, директорот на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Бојан Стефановски, и австрискиот амбасадор, Н.Е. м-р Мартин Памер, разгледаа можности за соработка на полето на културата и библиотечната...

Преку басни до карактерните особини на луѓето

Преку басни до карактерните особини на луѓето

На 28.06.2024 година се реализира втората работилница од проектот „Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето кај деца со попреченост- добри практики“, во неа корисниците на Центарот за поддршка на лица со попреченост „Порака“ имаа можност да се...

Информации:

 

Начини на пребарување на книги

  • Пребарување книги на WEB страната на Библиотеката преку COBISS+ платформата;
  • Користење на online сервисот Мојот COBISS (Мојата библиотека);
  • Пребарување и резервација на книги преку мобилната апликација mCOBISS, достапна за Android и IOS оперативните системи

 

Историја на библиотеката

Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола е составена од два функционално поврзани објекти кои претставуват една целина.

Услуги кои ги нудиме

  • Годишна членска карта
  • Општи информации за Библиотеката, условите за користење, фондовите и услугите;
  • Упатување при користењето на каталозите (каталози со картончиња и автоматизиран каталог OPAC);
  • Упатување при користење на секундарни извори на информации (индекси, библиографии и сл.);
  • Библиографски пребарувања за определени теми од различни области преку печатени и електронски извори на информации.

Зачленување

Членската карта важи само со личен документ. Книги се позајмуваат лично само со членска карта. За изгубена членска карта се известува Библиотеката. Книгите се позајмуваат за рок од 10 дена. Овој рок се продолжува само еднаш. За загубена книга корисникот е должен да врати иста таква или да плати соодветен надомест.

Броевите зборуваат за нас

 

Годишна чланарина и зачленување .

Дигитална библиотека