Национална установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола
Настани
По повод месецот на книгата
По повод месецот на книгата денес во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола со учениците од второ одделение одржавме работилница на која читавме бајки и разговаравме за значењето на читањето, зошто дигиталниот свет во кој живееме нè поттикнува да го избереме филмот пред книгата...
Со мечето Мишко во светот на книгите и боите!
Преку приказната „Мечето Мишко и необичното патување“, со првачињата од ООУ „Д-р Трифун Пановски“ – Битола откривавме што не чека во библиотеката, како ги чуваме книгите и каде се можеме да отпатуваме со една приказна.Децата слушаа, одговараа на прашања и споделуваа...
Нов почеток на практичната настава со Графичката струка
Во рамки на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола, повторно започна практичната настава на Графичката струка (Графички техничари) од СОУ „Таки Даскало“ - Битола, под менторство на Јулијана Христовска Кулевска вработена во одделот Заштита и...
Нови наслови
Информации:
Начини на пребарување на книги
- Пребарување книги на WEB страната на Библиотеката преку COBISS+ платформата;
- Користење на online сервисот Мојот COBISS (Мојата библиотека);
- Пребарување и резервација на книги преку мобилната апликација mCOBISS, достапна за Android и IOS оперативните системи
Историја на библиотеката
Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола е составена од два функционално поврзани објекти кои претставуват една целина.
Услуги кои ги нудиме
- Годишна членска карта
- Општи информации за Библиотеката, условите за користење, фондовите и услугите;
- Упатување при користењето на каталозите (каталози со картончиња и автоматизиран каталог OPAC);
- Упатување при користење на секундарни извори на информации (индекси, библиографии и сл.);
- Библиографски пребарувања за определени теми од различни области преку печатени и електронски извори на информации.
Зачленување
Членската карта важи само со личен документ. Книги се позајмуваат лично само со членска карта. За изгубена членска карта се известува Библиотеката. Книгите се позајмуваат за рок од 10 дена. Овој рок се продолжува само еднаш. За загубена книга корисникот е должен да врати иста таква или да плати соодветен надомест.
Броевите зборуваат за нас
Годишна чланарина и зачленување .





