Национална установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола

 

 

Настани

 

ОДРЖАНА ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА ВО ЧЕСТ НА 80 ГОДИНИ БИТОЛСКА БИБЛИОТЕКА!

ОДРЖАНА ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА ВО ЧЕСТ НА 80 ГОДИНИ БИТОЛСКА БИБЛИОТЕКА!

На ден 26.03.2025 година во прекрасниот амбиент на Офицерскиот дом – Europe House Bitola, се одржа панел-дискусијата „Промовирање на значењето на библиотеката како културна и образовна институција во заедницата“. Со овој настан ја одбележавме 80-годишнината на НУУБ...

Изложба по повод јубилејот 80 години НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Изложба по повод јубилејот 80 години НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

По повод 80 години од постоењето на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, поставена е изложба во холот на библиотеката на тема „Битола град на Конзулите, град на клавирите“. На изложбата се фотографии од нашата установа НУУБ „Св Климент Охридски“ од основањето до...

Програма за одбележување на јубилејот – 80 години од основањето на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Програма за одбележување на јубилејот – 80 години од основањето на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Во чест на значајниот јубилеј – 80 години од основањето, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола со низа активности ќе ја одбележи долгогодишната традиција, културната мисија и придонесот на установата во зачувувањето и промовирањето на знаењето. 25 март (вторник)...

Информации:

 

Начини на пребарување на книги

  • Пребарување книги на WEB страната на Библиотеката преку COBISS+ платформата;
  • Користење на online сервисот Мојот COBISS (Мојата библиотека);
  • Пребарување и резервација на книги преку мобилната апликација mCOBISS, достапна за Android и IOS оперативните системи

 

Историја на библиотеката

Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола е составена од два функционално поврзани објекти кои претставуват една целина.

Услуги кои ги нудиме

  • Годишна членска карта
  • Општи информации за Библиотеката, условите за користење, фондовите и услугите;
  • Упатување при користењето на каталозите (каталози со картончиња и автоматизиран каталог OPAC);
  • Упатување при користење на секундарни извори на информации (индекси, библиографии и сл.);
  • Библиографски пребарувања за определени теми од различни области преку печатени и електронски извори на информации.

Зачленување

Членската карта важи само со личен документ. Книги се позајмуваат лично само со членска карта. За изгубена членска карта се известува Библиотеката. Книгите се позајмуваат за рок од 10 дена. Овој рок се продолжува само еднаш. За загубена книга корисникот е должен да врати иста таква или да плати соодветен надомест.

Броевите зборуваат за нас

 

Годишна чланарина и зачленување .

Дигитална библиотека