Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа 23 Општински натпревар „Млади библиотекари“. На овој натпревар учество зедоа ученици од основните училишта од Битола и еден ученик од основното училиште од с. Добрушево. Комисијата составена од три члена: Илче Стојановски, м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски и Ирена Колевска по прегледаните тестови ги соопшти резултатите:
Прво место на овој натпревар освои ученичката Јана Врџовска од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола со освоени најмногу поени, под менторство на наставничката Александра Упале.
Второ место освои ученичката Деа Атанасов од ООУ „Гоце Делчев“ – Битола .
Трето место освои ученичката Јована Ристевска од ООУ „Елпида Караманди“ – Битола,
Ученичката Јана Врџовска ќе не претставува на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој оваа година ќе се одржи во Куманово на 21 Мај.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook