Меѓународниот ден на трудот кој се празнува на 1 Мај посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.

Овој празник се одбележува на во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 Мај 1886 г. Во Чикаго. Штрајкот бил организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден.

И во Република Македонија, Меѓународниот ден на трудот има статус на празник кој до 2006 година се празнуваше 2 дена, на 1 и 2 Мај, а од 2007 година се празнува само еден ден.

По повод Денот на трудот – 1 Мај беше изведена – Работилница со мотото “Само преку трудот и работа се стигнува до успех” изведена со учениците од петто одделение од ООУ „Кирил и Методиј“– Битола под менторство на наставничката Валентина Малковска.

На оваа работилница се запознаа со повеќе занаети и како се стигнува до готов производ, а потоа се читаа песни за овој празник.

На крајот учениците илустрираа пикник кој е традиционален за овој ден како заслужен ден за целокупната работа на работникот, воедно на сите работници им го честитаа празникот.

Повеќе фотографии на следниот линк: Nuub Facebook