Библиотекарките од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола денес одржаа прекрасна работилница со учениците од прво одделение при ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола.

Најмалите со внимание ја слушаа приказната од сликовницата „Лепчето кое расте“, а потоа преку боење ја изразија својата креативност.

Целта на овие активности и ваквите средби се со цел да им ја поттикнеме љубовта кон книгата, читањето и творештвото уште од најрана возраст.

Благодарност до наставничката Тања Чапкуновска и директорката Гордана Јоначиќ за соработката и поддршката!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook