На 90 годишна возраст почина писателот и почесен член на МАНУ, Владимир Костов. Тој беше романсиер, раскажувач, новелист и автор на драмски текстови. Има објавено вкупно 17 романи, 11 збирки новели, 10 книги за деца и млади и збирка на драми “Декалог”. Беше член на Научното друштво во Битола и на Друштвото на писателите на Македонија. Се смета за еден од основачите на КУД „Илинден“. Долги години беше професор по македонски јазик во Битола, а посебно на Педагошката академија. Добитник е на бројни книжевни и други општествени признанија меѓу кои и „4 Ноември“ на градот Битола, „11 Октомври“, Рационово признание и други.

Во негова чест во просториите на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, поставена е изложба на негови дела.