In memoriam
Во холот на Библиотеката поставена е изложба на дела и преводи од проф.д-р Драги Михајловски (16.10.1051- 21.02.2022)
По долго боледување во Скопје, на 71 годишна возраст почина проф.д-р Драги Михајловски (16.10.1051- 21.02.2022), еден од најреномираните македонски писатели и преведувачи, кој ќе остане запаметен и по преводите на собраните дела Шекспир. Има преведено 37 драми и 154 сонети од Шекспир, за што некои оправдано го нарекува Македонски Шекспир.
За својот труд, проф.д-р Драги Михајловски е дoбитник на бројни награди и признанија меѓу кои Рациновото признание, наградите „Стале Попов“ за романот „Смртта на дијакот“ (2002), наградата “Григор Прличев“ за препевот на епот „Загубениот рај“ од Милтон, награда „Григор Прличев“ за препевот на „Сите драми и сонети“ од Шекспир (2013), а и наградата “11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста (2018).
Тој беше член на Друштвото на писателите на Македонија, член на ПЕН на Македонија, како и на Асоцијацијата на писателите за мир во Вашингтон, САД.