На 24. Републички натпревар за „Млади библиотекари„ кој се одржа во Библиотеката НУЦК „Кочо Рацин“ во Кичево, нашата Теодора Гацовска, под менторство на наставничката по македонски јазик Симона Стаменковиќ Силјановска и библиотекари од НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, го освои ТРЕТО место на овој натпревар.

Теодора е полуматуранка во ООУ „Коле Канински“ – Битола и наша гордост.

Честитки за освоената награда и и посакуваме успех во понатамошните предизвици.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook