Сакајте, за да бидете сакани! Почитувајте, за да бидете почитувани!

Во втората работилница од проектот „По допирот на љубовта секој станува поет“ учениците од графичката струка и гимназиско образование од СОУ „Таки Даскало“ – Битола изработија голема палета на украси (цртежи, кеси, кутии, обележувачи за книги, тефтерчиња, папки, честитки, колажи, оригами и други украси) со пораки во чест на љубовта и виното. Активностите се реализираа под менторство на професорките Весна Мундишевска-Велјановска, Љубица Мешкова Солак и библиотекарот м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковска.

„Љубовта е магична доаѓа тогаш кога најмалку ја очекуваш“

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook