Библиотеката располага со околу 600 000 библиотечни единици од различни научни области и на повеќе јазици.
Публикациите се во книжна форма и дигитален запис (компакт диск и сл.).
Во фондот спаѓаат:
- Книги (монографски публикации)
- Сериски публикации (весници, списанија, годишници, зборници, билтени);
- Дробен печат (плакати, рекламен материјал, адресари…);
- Некнижен фонд.
Публикациите се сместени во магацини.
Пребарувањето на фондот се врши преку автоматизираниот каталог – OPAC
Библиотеката од 1989 година има на располагање достапен каталог за своите фондови со подршка на софтверскиот пакет COBISS.
Во каталогот моментално се достапни за пребарување 500 000 библиотечни единици и тоа: книги, наслови сериски публикации, статии од македонски сериски публикации и др.
Можни се пребарувања по повеќе параметри: автор, наслов, година на издавање, УДК индекс, предметна определница, клучен збор, ISBN, ISSN, јазик на документот како и комбинација од повеќе начини.
Можно е пребарување и на фондот во взаемна база во која се вклучени поголемиот дел од библиотеките во Р. Македонија.