На 23 и 24 октомври 2024 година во Марибор, Словенија, се одржува меѓународната конференција COBISS 2024, организирана од Институтот за информатички науки – IZUM. На настанот учествуваат околу 200 лица од различни држави, меѓу кои и Македонија, Словенија, Србија, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Норвешка, Холандија и Црна Гора.

Македонија е претставена со 9 учесници, а меѓу нив е и нашата колешка Милка Котевска од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Слоганот на конференцијата е: „Заедно ја зајакнуваме довербата во науката и развојот“.

Конференцијата има за цел да ја унапреди соработката меѓу библиотеките и научните институции во регионот, поттикнувајќи ја примената на современи информатички технологии во научните истражувања и развојот на библиотечните услуги.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook