Бази

EBSCO

Со задоволство ја споделуваме новоста дека академската заедница на Република Македонија и МЕБ имаат повторно пристап до високоцитираните бази на EBSCO!
Освен на добро познатите бази овозможен е пристап до најкомплетни научни бази Academic Search COMPLETE, Business Source COMPLETE, новите бази American Doctoral Dissertations и Psychology and Behavioral Sciences Collection, како и пробен период на eBook Academic Collection Trial.
Повелете пребарувајте и исполнете ги вашите потреби!

http://search.ebscohost.com

INIS центар за Република Македонија

INIS е водечки светски информациски систем за употребата на нуклеарна енергија во мирновременски услови. INIS функционира во рамките на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) во соработка со земјите членки и со кооперативните интернационални организации.

INIS базата на податоци од библиографските записи како и NCL литература сега веќе е достапна бесплатно на интернет страната на IAEA: http://www.iaea.org/inis/

E-CRIS MK

Веб-апликација E-CRIS која Институтот за информациски науки во Марибор (IZUM) бесплатно ја понуди на корисниците на апликациите COBISS има за цел да воспостави евиденција на истражувачите и установите во Република Македонија.

E-CRIS базата е неопходна за следење и евалуација на резултатите од истражувањата реализирани во рамките на повеќе национални библиотечно-информациски системи од мрежата COBISS.Net. Националниот E-CRIS систем е поврзан со националниот библиотечно-информациски систем COBISS, и овозможува непосреден увид во биографските и библиографските податоци на истражувачите и истражувачките организации. Националниот E-CRIS систем вклучува база на податоци за истражувачи, истражувачки организации и оддели и истражувачки проекти. Податоците во базата се меѓусебно поврзани. Податоците во базата се внесени на македонски и англиски јазик.

 

веб страна: http://e-cris.mk.cobiss.net/