Книги кои мора да ги прочитате за време на новогодишните празници

Почитувани читатели, поминете ги новогодишните празници со своите најблиски во својот дом и добрата книга. За  Вас ги издвоивме следниве наслови кои на свој начин ќе ја дополнат празничната атмосфера. Секоја книга има своја приказна…

– Чарлс Дикенс –  Штурец на огништето. Ова е петта од неговите познати т.н. Божиќни книги. Таа е една од неговите „големи дела“, топла бајка за домашното огниште, со идилична слика за семејната љубов и соседското пријателство, со добра композиција и вешт расплет…

–  Чарлс Дикенс – „Најдобрите приказни за духовите“. Сите добро ја знаеме приказната за Трите духови на Божиќ, таа и уште многу други одбрани приказни се дел од оваа книга…
–  Џон Гришам – „Да го избегнеш Божик“ – Писателот со еден духовит нараторски тон ги презентира возбудливите ситуации при обидот, на пример човек да има свој однос кон чествувањето на Божик. Делото претставува прекрасно четиво кое ќе го задоволи секој читател.
–  Миранда Дикинсон – „Се започна со бакнеж“. Колку далеку би можеле да отидете за да го пронајдете човекот од вашите соништа? …Во последната сабота пред Божиќ….
–  Џон Грин, Морин Џонсон и Лорин Миракл – „Нека Снежи“. Најстрашната виулица во последните педесет години…Три зимски љубовни приказни…Една волшебна вечер…
Овие и уште многу други наслови чекаат на нашите полици да Ви ги исполнат празничните денови.
Ве очекуваме!
Информации

Објавено на

09/01/2022