Празнични пакетчиња и книга подарена од срце.

На 18 ноември 2026 година, со новогодишната креативна работилница гостувавме во ООУ „Елпида Караманди“ – Битола. Во соработка со Тримакс ДОО Скопје, учениците изработуваа новогодишни пакетчиња и на секое му дадоа свој личен печат. Најубавиот момент беше кога со гордост си ги покажуваа изработките.

Од оваа средба во библиотеката се вративме и со убав подарок – донирана книга. Од срце ви благодариме за овој гест и се радуваме што книгата ќе стигне до рацете на нашите читатели.

Искрена благодарност до директорката Емилија Николовска Спировски за топлиот прием и до наставничката Лилјана Јошевска Филевска за поддршката и помошта во работилницата. Му благодариме на Тримакс за соработката, а на учениците за фантазијата, насмевките и убавото дружење!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook