Денес, 17 ноември 2026 година, во градинката „Естреја Овадија Мара“ – Битола, ја реализиравме првата новогодишна креативна работилница во соработка со Тримакс ДОО Скопје и НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Со многу радост и фантазија, дечињата сами си изработија новогодишни пакетчиња со производите од Тримакс. Секое пакетче доби свој посебен печат, а задоволството од сопствената изработка се гледаше во нивните насмевки.

Искрена благодарност до директорката Весна Лозановска за топлото гостопримство и поддршката, како и до воспитувачките и негователките за грижата, посветеноста и помошта во работилницата.

Благодариме на Тримакс за соработката, а на нашите мали креативци за прекрасното дружење и радоста што ја споделија со нас!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook