На 16.11.2026 година, во рамките на Месецот на книгата, во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, ги пречекавме учениците од III-б и III-в одделение од ОУ „Стив Наумов“ – Битола.
Заедно прочитавме расказ за професијата библиотекар, а потоа разговаравме за неговата работа – како се грижи за книгите, како им помага на читателите и како ги поттикнува децата да читаат, да истражуваат и да поставуваат прашања. Преку разговорот и запознавањето со библиотеката, откривавме како книгите ни помагаат да ја развиваме фантазијата и креативноста, да учиме и да ги откриваме сопствените интереси.
Им благодариме на учениците за љубопитноста, насмевките и прекрасната дружба, на одделенските наставнички Даниела Јовановска и Марија Шарковска, како и на образовните асистентки Елена Петреска и Маја Станковска за соработката и поддршката.
Посебна благодарност до директорот Никола Пискачев за отвореноста за соработка и поддршката на секоја активност што е во интерес на децата и придонесува за нивното учење, креативност и развој.
Вратите на библиотеката се секогаш отворени за вашата љубопитност. Ве очекуваме повторно!
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook