На 11 ноември 2026 година, претставници на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола беа гости на литературната средба што ООУ „Коле Канински“ – Битола ја организираше по повод Месецот на книгата, со учениците од трето одделение.
Учениците нè пречекаа со приредба подготвена со многу труд и љубов. Особено нè воодушеви нивната драматизација посветена на нашата библиотека! Со детска искреност, креативност и прекрасна изведба, ни подарија моменти што ќе ги паметиме со голема радост.
На средбата гостуваа и Гордана Такец, Сања Мучкајева Видановска, Аница Златевска, Весна Димовска, Марина Станковска и Марија Пискачева, кои преку детски песни и инспиративни пораки ја доближија убавината на пишаниот збор до најмладите.
Дружењето продолжи со креативна литературна работилница, на која учениците создаваа сопствени песнички и со гордост ги читаа пред присутните. Беше радост да се слушнат нивните стихови и да се види со колкава желба ги споделуваат своите идеи и фантазија.
Како библиотекари, особено ни значат средбите на кои децата ја откриваат радоста на читањето и добиваат поттик да создаваат свои приказни.
Благодарност до ООУ „Коле Канински“ – Битола за поканата и топлото гостопримство, до директорката Дијана Христовска, до одговорните наставници Лидија Павловска, Весна Димовска, Наташа Ангелеска и Иван Димитровски, како и до образовните асистентки за посветеноста во подготовката и реализацијата на настанот.
На учениците им благодариме за прекрасниот пречек, драматизацијата што нè воодушеви и стиховите што ги споделија со нас!
Секоја прочитана книга отвора нов свет, а секој напишан стих е почеток на нова приказна.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook