Емоциите не поврзуваат, без разлика на возраста.
На 10.11.2026 година, во Дневната соба на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа работилницата „Разбирање на емоциите – најкраткиот пат до нашиот внатрешен свет“, водена од Наташа Бекирова, психолог од Женскиот центар за поддршка – Битола.
Учесници од различни генерации споделија искуства и размислувања, а заедничката порака беше јасна: емоциите се дел од животот на сите нас, а учењето како да ги препознаваме и разбираме е подеднакво значајно на секоја возраст.
Разговаравме како да ги прифатиме сите свои емоции, вклучително и непријатните, и како да најдеме начини да се справиме со вознемиреноста, стравот и лутината. Низ личните приказни, внимателното слушање и меѓусебната поддршка, создадовме топла атмосфера во која имаше простор за сечие искуство.
Благодарност до Наташа Бекирова од Женскиот центар за поддршка – Битола за внимателното водење на работилницата и до сите присутни за довербата, отвореноста и споделената убава енергија. Вашите искуства и интерес ни се поттик да создаваме нови средби и да отвораме теми што ни значат на сите.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook