Преку приказната „Мечето Мишко и необичното патување“, со првачињата од ООУ „Д-р Трифун Пановски“ – Битола откривавме што не чека во библиотеката, како ги чуваме книгите и каде се можеме да отпатуваме со една приказна.
Децата слушаа, одговараа на прашања и споделуваа свои идеи, а потоа ги оживеаја Мишко и мачето Мила со боите на својата фантазија. Низ боење и разговор, заедно ја прераскажавме нивната библиотечна авантура.
Ни беше задоволство да ја споделиме радоста на читањето со најмалите и да ги охрабриме да ги откриваат книгите со љубопитност.
Благодарност до ООУ „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, до директорката Лилјана Николовска и до наставничката Лилјана Николовска за гостопримството, соработката и поддршката!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook