Мишко и Мила повторно меѓу учениците!
На 3 ноември 2026 година, приказната „Мечето Мишко и необичното патување“ ја споделивме со учениците од ООУ „Д-р Трифун Пановски“ – Битола и нивната наставничка Цветанка Љамчевска.
Што можеме да откриеме во библиотеката и како се грижиме за книгите што ги позајмуваме? Со Мишко и Мила како водичи, децата одговараа на прашања, ја прераскажуваа приказната со свои зборови и ги обоија омилените ликови.
Благодарност до наставничката Цветанка Љамчевска за соработката и до првачињата за љубопитноста и идеите што ги споделија со нас!
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook