Денес со учениците од прво одделение од ООУ „Ѓорѓи Сугарев” – Битола, читавме басни од Езоп од кои извлековме моќни пораки кои го збогатија речникот на првачињата со нови зборови.

Читањето книги е од особена важност за менталното здравје и развивање на мудри мисли. Зголемено ниво на емпатија, ја подобрува комуникацијата помеѓу родителите и децата, ја зголемува самодовербата и ја зголемува креативноста.

Се препорачува да им читаме на нашите деца на глас уште од најрана возраст, со тоа се допринесува за природна – рана стимулација на говорот, се збогатува вокабуларот и се поттикнува фантазијата и креативноста.

Првачињата се уште само ги препознаваат буквите, но тоа не значи дека е рано за посета на библиотека. Децата треба да се дружат со книгите и да им се чита уште пред самостојно да се описменат. Преку приказните, бајките и басните тие го збогатуваат речникот, ја развиваат фантазијата, учат внимателно да слушаат и создаваат љубов кон читањето.

Ги повикуваме родителите во најскоро време да ги искористат бесплатните ваучери и заедно со своето дете да ја посетат библиотеката.

Голема благодарност до наставничките Роза Георгиевска и Наташа Алабаковска Апчевска, а посебна благодарност до директорката Биљана Темелкова.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook