Читањето книги игра важна улога во правилното разбирање на она што го читаме. Ова е многу важно особено кај учениците кои сега го изучуваат читањето, се со цел да се подобри начинот на кој што читаат.

Денес во ООУ „Стив Наумов“ – Битола, на учениците од прво одделение им ја прочитавме басната „Бурсунсул и Паскулина“ која на многу интересен начин ни зборува за пријателството и ни дава многу убава поука:„ Пријателството нема граници и дека треба да си ги чуваме пријателите“.

На наша голема радост и во одлична атмосфера со голема внимателност и изразена заинтересираност од страна на учениците беше спроведено читањето на оваа басна, а беше и поразговарано за бесплатните ваучери кои библиотектата им ги додели и дека истите треба што побрзо да ги искористат.

Голема благодарност до наставничката Наташа Цветковска, директорот Никола Пискачев и заменичката директорка Марина Јанеска.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook