Денес, 7 октомври, нашата библиотека како партнер ја поддржа активноста „Движи се за себе! – Розов ден за здравје, сила и поддршка“, во организација на Општина Битола и Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“.

Со розови балони и пораки за здравје, грижа и солидарност, прошетката започна од Саат-кулата, продолжи по Широк Сокак и заврши во Градскиот парк со кратко, симболично вежбање.

Како библиотека, веруваме дека информирањето и учењето се важен дел од грижата за себе. Со поддршката на оваа активност се придружуваме кон пораката на Розов октомври за важноста на превенцијата, здравите навики и меѓусебната поддршка.

Благодарност до организаторите, сите партнери и учесници за заедништвото и споделената порака – да се грижиме за себе и да бидеме тука за жените што ги сакаме.

Активноста се реализираше во рамките на проектот „Спорт без насилство – Младински форум за фер-плеј“.

Движи се. Информирај се. Грижи се за себе. Поддржи.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook