Денес, во посета на Библиотеката, ни дојдоа дечињата од големите групи при Ј.О.У.Д.Г.„Мајски цвет“ – Д.Г. „Коца Василевска“, заедно со своите воспитувачки Виолета Атанасовска и Костантина Спасеноска, како и негователките Дубравка Мицевска, Вера Ѓоргиева и Јулијана Анџиева.

Есента е волшебна сама по себе, а ние решивме оваа посета да ја направиме уште поволшебна!

Дечињата имаа можност да уживаат во прекрасни басни од сликовницата „Лисичката плетачка“, како и во „Басни од Езоп“ и „Басни за паметење“ од Езоп и Саманиего.

Заедно другарувавме со шумските животни, слушавме интересни приказни, откривавме мудри пораки и се запознавме со големиот број сликовници за нивната возраст што ги красат полиците на нашата библиотека.

Нека секоја книга биде почеток на нова авантура, а секоја приказна – ново детство исполнето со фантазија, знаење и радост.

До следното другарување во библиотеката!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook