НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола учествуваше на Годишното собрание на европската мрежа „Mentors of Europe’s Diversity“, кое се одржа на 4 и 5 октомври 2026 година во Кишкунхалаш, Унгарија. Библиотеката ја претставуваше м-р Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар советник и раководител за меѓународна соработка, развој и унапредување на библиотекарството.

Учеството беше по покана на организацијата JugendStil e.V. од Германија, со која Библиотеката има воспоставено соработка и заеднички интерес таа да продолжи и да се развива преку идни европски иницијативи и проекти.

Средбата беше посветена на плановите за институционализирање на европската мрежа „Mentors of Europe’s Diversity“, како и на разговори за нејзината визија и мисија, начинот на функционирање, комуникацијата и вмрежувањето.

Посебен дел од работата беше насочен кон идната европска соработка – можности за нови програми за финансирање, мобилности, вклучување нови партнерски организации и развивање заеднички проектни идеи за 2027 година.

За НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, учеството на оваа средба е можност за обновување и проширување на меѓународната соработка, воспоставување нови контакти и создавање можности за идни европски партнерства и проекти во областа на библиотекарството, образованието, културата и доживотното учење.

Отворена библиотека значи и библиотека отворена кон Европа – кон нови знаења, партнерства, идеи и можности.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook