Книгата – прозорец кон светот!

Кој на кого му е најдобар пријател?

Зар е тоа важно?

Во дружбата со книгата сите уживаат.

Читањето книги е од особена важност за менталното здравје и развивање на мудри мисли. Зголеменото ниво на емпатија, ја подобрува комуникацијата помеѓу родителите и децата, ја зголемува самодовербата, ги намалува анксиозноста и стресот, ја зголемува креативноста. Децата кои редовно читаат имаат подобар сон и поголема самодоверба отколку тие што не читаат. Се препорачува да им читаме на нашите деца на глас уште од најрана возраст, со тоа се допринесува за природна – рана стимулација на говорот, се збогатува вокабуларот и се поттикнува фантазијата и креативноста.

Денес во ООУ „Елпида Караманди“ со учениците од прво одделение читавме книги и разговаравме за важноста и придобивките од читањето.

Преку прочитаните содржини, децата се запознаа со значењето на книгата како основа за среќно детство, за меѓуврсничката емпатија и емпатијата кон луѓето воопшто.

Со учениците разговаравме и за бесплатните ваучери за зачленување кои ги додели нашата библиотека во рамките на настанот „Училишна приказна“ и за условите за позајмување и правилно чување на книгите.

Ги повикавме заедно со родителите во најскоро време да не посетат и да го искористат ваучерот.

Од срце им се заблагодаруваме на наставничките Фанче Јошевска, Гордана Угриновска, Лилјана Јошевска како и на директорката Емилија Николовска Спировски за несебичната соработка.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook