Во периодот од 17-18.9.2026 г, во организација на ЛУБ ,,Благој Јанков Мучето” -Струмица, се одржа Третиот меѓународен форум ,,Размена на идеи за добри практики”, кој обедини библиотекари и библиотечни професионалци од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска и Романија.
Програмата беше поделена во повеќе тематски панели на кои се претставија претставници од нашата библиотека со 3 труда:
-м-р Емилија Стефановска-Давкова, директор, м-р Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар советник, м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски, виш библиотекар, НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, зборуваа на тема „Еразмус проектите како пример за добри практики и успешни библиотечни проекти: искуството на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола“
-м-р Милка Котевска, виш библиотекар, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, ја претстави „Дигитализацијата како алатка за зачувување и промоција на културното наследство“
-дипл. граф. инж. Весна Мундишевска-Велјановска, СОУ „Таки Даскало“ – Битола и м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски, виш библиотекар, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола го претставија проектот за „ФАКСИМИЛИ – ЗАЧУВУВАЊЕ НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ПРЕКУ СОРАБОТКА“.
На овој форум беа разменети голем број примери и искуства од областа на библиотечното работење, при што библиотекарите од сите библиотеки учеснички имаа можност да ги претстават своите добри практики, идеи и успешни проекти. Размената на искуства придонесе за создавање нови контакти, споделување знаења и отворање можности за идна соработка меѓу библиотеките.
Покрај работниот дел, форумот понуди и можност за дружење и запознавање со културното и духовното наследство на регионот. Во неформалниот дел, библиотекарите имаа можност да ги посетат прекрасните манастири во селата Вељуса и Водоча, значајни духовни и културно-историски места. Посетата беше особено интересна и инспиративна, овозможувајќи им на учесниците поблиску да се запознаат со богатото наследство, традицијата и убавините на овој дел од Македонија.
Форумот беше одлична можност за професионално поврзување, но и за дружење, размена на идеи и создавање убави спомени кои ќе останат како поттик за понатамошна соработка и заеднички активности.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook