И по завршувањето на Саемот на книгата „Светот во страници“, Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола ви нуди можност да ја збогатите вашата лична библиотека и вашите знаења.
Секој од вас кој не успеа да не посети во четирите денови од Саемот на книгата и да купи некои од многубројните вредни книжевни и научни изданија кои ги нуди Библиотеката, истите ќе може да се купат и во нашата Библиотека.
Едиции достапни за продажба:
130 тома Македонска книжевност
Ѕвезди на светската книжевност
Македонски искушенија
Списоци и цени од достапните публикации можете да ги погледнете на следниот линк: Список со цени
Посетете нè и изберете ја вашата следна омилена книга!