По повод големиот македонски национален и државен празник – 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, во холот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола е поставена тематска изложба на книги.
2 Август – Илинден е еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден се одбележуваат два клучни настана кои ги втемелија стремежите за слобода и македонската државност.
На 2 август 1903 година започна Илинденското востание, организирано од Македонската револуционерна организација против Отоманската Империја, при што беше прогласена Крушевската Република – симбол на борбата за слобода и самостојност.
На истиот датум, во 1944 година, се одржа Првото заседание на АСНОМ, на кое беа поставени темелите на современата македонска државност.
Илинден е и голем православен празник, посветен на Светиот пророк Илија.
Ве покануваме да ја посетите изложбата и преку богатата книжна граѓа да се потсетиме на историското значење на овој голем празник.
Честит 2 Август – Илинден, Ден на Републиката!
Повеќе фотографии од изложбата на следниот линк: NUUB Facebook