Зборовите имаат сила, а креативноста се развива кога ќе ѝ дадеме простор. Токму со таа идеја, во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа работилница на тема „Креативно пишување“, под менторство на професорката по македонски јазик Лидија Анастасовска.

Преку интерактивен пристап, практични вежби и разговор за моќта на пишаниот збор, учесниците имаа можност да ги развијат своите креативни потенцијали, да научат нови техники на литературно изразување и да создадат сопствени текстови. Работилницата поттикна љубов кон пишувањето, критичкото размислување и слободното изразување на идеи, покажувајќи дека секој има приказна која вреди да биде раскажана.

Работилницата е реализирана во рамките на проектот „Културни манифестации во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола“, поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook