По повод 105 години од смртта на македонскиот револуционер, идеолог, публицист и просветител Ѓорче Петров, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, организира изложба на книги, научни трудови, статии и публикации посветени на неговиот живот и дело. Изложбата има за цел да го доближи ликот на една од најзначајните личности во македонската историја, чија дејност оставила длабока трага во националноослободителното движење и просветата.

Посетителите имаат можност да разгледаат дела од и за Ѓорче Петров, како и историски истражувања и научни статии што го осветлуваат неговиот придонес и значење. Со оваа изложба нашата Библиотека оддава почит кон делото и идеалите на Ѓорче Петров, потсетувајќи дека неговата борба, визија и интелектуално наследство остануваат важен дел од македонската историска и културна меморија.

Изложбата е дел од проект поддржан од Министерство за култура и туризам на Р.С. Македонија и во склоп на проектот се одржа кратко предавање за животот и делото на Ѓорче Петров. Изложбата може да се разгледа до 3 јули 2026 година.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook