Петре М. Андреевски зад себе остави богато книжевно наследство, кое претставува траен доказ за неговата љубов кон пишаниот збор и неговата посветеност на македонската литература.

По повод 92 години од неговото раѓање во холот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, му оддаваме почит преку изложба на дел од неговите дела што ни ги остави во аманет, нам и на идните генерации.

Неговото творештво продолжува да живее, инспирирајќи нови читатели и оставајќи неизбришлива трага во македонската култура и духовност.

Повеќе фотографии од изложбата на следниот линк: NUUB Facebook