Во холот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола поставена е изложба на книги и периодични списанија во кои е застапен ликот и делото на Ѓорѓи Сугарев. Преку внимателно одбрани публикации, изложбата го претставува неговиот животен пат, револуционерната дејност и значењето што го има во македонската историја.

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со пишани сведоштва и статии кои го осветлуваат неговиот придонес и идеалите за кои се борел. Оваа изложба претставува скромен, но значаен омаж и чествување на ликот и делото на Ѓорѓи Сугарев, потсетувајќи на неговата пожртвуваност и љубов кон татковината.

Ѓорѓи Сугарев (1876–1906) е една од најсветлите фигури на македонското револуционерно движење. Како војвода на Битолскиот револуционерен округ, тој организирал чети и учествувал во бројни акции против османлиската власт. Тој бил познат по својата храброст, решителност и непоколеблива вера за слободата на Македонија.

Повеќе фотографии од изложбата на следниот линк: NUUB Facebook