На 19.03.2026 година се одржа првата работилница со учениците од 5-а одделение при ООУ „Даме Груев“ – Битола. Заедно со својата наставничка Снежана Цукалева, тие ја обработија лектирaта „Пипи Долгиот Чорап“ на многу интересен и интерактивен начин.

Работилницата беше реализирана со поддршка на учениците од осмите одделенија, кои под менторство на наставничките по германски јазик, Данијела Босилковска и Симеона Павловска, овозможија учење преку игра, песна и смеа. Преку драматизација на извадок од делото, учениците не само што разговараа за ликовите, туку имаа можност и да се запознаат со основите на германскиот јазик.

Учениците другаруваа со ликот на Пипи, кој го глумеше Меланија Бејковска, како и со Томи – Теодор Николовски и Аника – Леона Трајковска.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook