Самодовербата во периодот на тинејџерството често е огледало на врсничките односи. Младите ја градат сликата за себе врз основа на тоа како се доживеани и прифатени од своите врсници.

Токму затоа, денес преку процесот на меѓусебна валидација и поддршка од другарите работевме на зајакнување на самодовербата со учениците од втора година од СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола.

Оваа работилница се надоврзува на претходната активност „Мојот глас, мојата приказна – Слем поезија“, реализирана на 11.02.2026 година со учениците од прва година. Преку слем поезијата, учениците имаа можност слободно да ги изразат своите мисли, емоции и лични приказни, покажувајќи дека зад бројките и формулите се кријат силни гласови и искрени пораки.

Работилницата за самодоверба ја реализиравме заедно со Наташа Беќирова, семеен терапевт од Женски центар за поддршка.

Посебна благодарност упатуваме до професорката по македонски јазик Лидија Анастасовска и директорката Билјана Јанкуловска за поддршката и можноста овие активности да се реализираат со учениците.

Продолжуваме да создаваме простор каде младите можат слободно да го изразат својот глас, да ја развиваат својата самодоверба и да го откриваат својот креативен потенцијал.

СОЕУ „Јане Сандански“Женски центар за поддршка – Битола

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook