По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, учениците од второ и трето одделение од ООУ „Трифун Пановски“ – Битола, под менторство на наставничките Ленче Илиевска, Ирена Николовска и Елизабета Лавуровска, со прекрасни рачно изработени букети ги изненадија библиотекарките на нивните работни места, честитајќи им го Денот на жената.
Со овој мал, но искрен гест, учениците внесоа радост и насмевки во библиотеката, покажувајќи внимание, почит и благодарност.
Ја користиме оваа прилика јавно да им се заблагодариме за прекрасното изненадување и им посакуваме да продолжат да бидат креативни, вредни и учтиви како и досега.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook