По повод 8 Март – Денот на жената, во нашата библиотеката поставена е изложба посветена на улогата, силата и придонесот на жената во општеството, културата и историјата.
Жената низ вековите била инспирација за уметниците, писателите и мислителите. Таа е мајка, учител, создавач, чувар на традицијата и двигател на промените во општеството. Со својата посветеност, храброст и љубов, жените оставиле неизбришлива трага во сите области на животот – во науката, литературата, уметноста, образованието и борбата за еднакви права.
Преку оваа изложба, составена од фотографии, се претставени различни ликови и приказни за жените – нивната сила, нивната нежност, но и нивната истрајност. Секоја слика е потсетник на значењето на жената во семејството и општеството, како и на долгата борба за рамноправност, почит и достоинство.
8 Март не е само ден на подароци и честитки. Тој е симбол на почит кон сите жени – мајки, сестри, ќерки, колешки и пријателки, кои со својата љубов, труд и пожртвуваност го прават светот подобро место за живеење.
Со оваа изложба библиотеката им оддава признание на сите жени и ги потсетува посетителите на нивната важна улога во создавањето на едно похумано и порамноправно општество.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook