Со стихови што одекнуваат низ времето и зборови што ја носат тежината на човечката судбина, нашите ученици учествуваа на креативна работилница посветена на поезијата на Кочо Рацин.
Во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и младите од СОЕУ „Јане Сандански” – Битола, не само што читаа и анализираа стихови, туку и активно ги доживеаја. Преку разговор и интерпретација ја откриваа длабочината на пораките за правда, труд и достоинство, продлабочувајќи го своето разбирање за поезијата.
Посебен белег на работилницата беше тоа што учениците илустрираа песни од Рацин, претворајќи ги стиховите во слика. Така, поезијата доби нова форма — визуелна, лична и современа, а зборот стана боја, линија и симбол.
Работилницата ја водеа библиотекарката Јасминка Кочевска професорката Христина Зариевска, создавајќи инспиративна атмосфера во која литературата се доживува, а не само се изучува.
Рацин уште еднаш покажа дека вистинската поезија живее во секоја генерација што знае да ја почувствува — и да ја нацрта.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook