На 02.02.2026 г., во графичкиот кабинет на СОУ „Таки Даскало“ – Битола, се одржа креативна работилница од проектот „Прочитај ја љубовта“ кој е уште еден од низата плодни соработки на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и графичката струка од СОУ „Таки Даскало“.
Ученици од прва, втора и трета година графичка струка, под менторство на професорките Весна Мундишевска-Велјановска, Снежана Паскова и Катерина Спасовска-Маурдева, наставници по графички стручни предмети, изработија палета на производи од областа „Преработка на хартија“, посветени на книгата, љубовта и виното.
На оваа работилница претходеа и подготвителни работилници со триесетина ученици од прва до четврта година од графичката струка, кои се реализираа од 23 до 29 јануари.
Во наредниот период ќе се одржат уште неколку работилници, а сите креативни изработки ќе бидат претставени на изложба во холот на Библиотеката по повод 14 февруари – Денот на виното и љубовта.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook