Второто полугодие од оваа учебна година носи нови предизвици, нови пријателства и нови доживувања. Звукот на училишното ѕвонче ги повикува учениците во нови предизвици, нови пријателства и нови знаења.
Со самото започнување на наставата, започнува и дружбата, соработката и меѓусебната помош меѓу учениците, наставниците и сите други чинители вклучени во и вон наставниот процес.
Денес со учениците од прво одделение од ООУ „Коле Канински“ – Битола, најмладите имаа можност да се запознаат со значењето на другарувањето во училиште и надвор од него, како и со развивање на емпатијата меѓу луѓето.
За време на активноста зборувавме и за важноста и значењето на книгата се со цел да допреме до свеста на децата и да ги насочиме кон разумно размислување и делување.
Ја обработивме книгата „Зима“, разговаравме за нејзината содржина: колку децата ја сакаат зимата, што е карактеристично за неа, кои игри ги привлекуваат, какви алишта се носат, со што се затоплуваат домовите за насмевките кои ги измамуваат сите нејзини згоди и незгоди кои ги илустрираа, а потоа замисливме и дека сме новинари и како правиме интервјуа со Дедо Мраз и Снешко Белич.
Благодарност до директорката на училиштето Дијана Христовска и до наставничката Милена Јанкуловска.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook