Ја испративме старата година и ја дочекавме новата со Новогодишната претстава: “Неда, Веда и Новата година”.
Претставата ја извадија децата од VIII³ одд од ООУ “Гоце Делчев” под менторство на авторот на текстот за претставата, нивната наставничка по македонски јазик Катерина Николовска. Во преставата уживаа најмалите, првачињата од ова училиште кои ја исполнија нашата библиотека со песна, радост и празнична еуфорија
На нашите најмали преку претставата им пренесивме порака дека децата треба да веруваат во чуда, затоа што тие и се остваруваат.
А добро би било и ние возрасните никогаш да не заборавиме да веруваме во чуда!!!
Среќни празници!!!
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook