Со многу топлина и насмевки, вчера во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, создадовме една убава предпразнична дружба со родителите кои работат во библиотеката и нивните дечиња.

Покрај слатките пакетчиња кои ги израдуваа најмалите, заедно уживавме во интерактивна работилница во која учествуваа и родителите и децата. Разговаравме за оние посебни, поинакви подароци – подароци што не се пакуваат со хартија, туку се носат во срцето: добрината, љубезноста, убавите зборови, вниманието и помагањето.

Разговаравме за подароците кои не се пакуваат со хартија, туку се подаруваат секојдневно – со срце. Библиотеката е место каде, покрај книгите, се негуваат и човечките вредности, блискоста и заедништвото. Работилницата ја водеше Наташа Бекирова – психолог, системски и семеен терапевт, со многу топлина, стручност и искрена посветеност кон децата и родителите.

Нека празничните денови нè потсетат дека највредните подароци се оние што ги носиме во себе и ги споделуваме со другите.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook